Узбекистан: Посета на командантот на американските трупи во Ирак и Авганистан

Команданот на американските трупи во Ирак и во Авганистан, генерал Дејвид Питреус допатува во посета на Узбекистан. Американската амбасада соопшти дека е предвидена средба со узбекистанскиот претседател Ислам Каримов на која ќе се разговара за ситуацијата во Авганистан. Вашингтон бара алтернативни транзитни рути за снбадување на сојузничките сили во Авганистан, откако Киргистан нареди затворање на американската воена база на негова територија.