Приштина: Денеска свечена седница по повод годишнината од независноста на Косово

Косовоското собрание по повод одбележувањето на едногодишнината од прогласувањето на ензависноста на Косово денеска ќе одржи свечена седница на која ќе говорат претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим тачи и претседателот на парламентот Јакуп Красниќи. Како што изјави портпаролот на косовската влада Мемљи Красниќи, на свеченоста се повикани само дипломатите акредитирани во приштина и нема да има гости од странство. Прославата ќе започне во раните утрниски часови со културноуметничка програма низ сите градови и со свечени седници на општинските собранија.