Скопје: Словенечкиот претседател Данило Тирк во посета на Македонија

На покана од претседателот Бранко Црвенковски денеска во дводневна посета на македонија пристигнува словенечкиот претседател Данило Тирк. Заедно со словенечнкиот претседател во Македонија ќе допатуваи бизнис делегација од Словенија која вклучува раководни лица од најуспешните словенечки компании. Ккао што се најавува од кабинетот на Црвенковски, двајцата претседатели на разговорите ќе стават акцент на економската соработка меѓу двете земји како и на поддршката која Словенија и ја дава на Македонија кон евроатланстските интеграции. Во рамките на посетата, Тирк ќе се сретне и со претседателот на македонското собрание, Трајко Вељановски.