Скопје: На полноќ истече рокот за поднесување кандидатури до ДИК за претседателските избори

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување на кандидатури до Државната Изборна Комисија за учество на претседателските избори што ќе се оддржат на 22 март. Последно на седницта одржана на 14 февруари, ДИК ја потврди кандидатурата на Ѓорѓе Иванов од ВМРО ДПМНЕ, а претходно и на канидатот на СДСМ Љубомир Фрчковски и на независниот кандидат Љубе Бошковски. Изборната комисија ги потврди и кандидатурите на претседателските кандидати од албанскиот блок партии, Имер Селмани од Нова Демократија, Агрон Буџаку од ДУИ и кандидатот на ДПА Мируше Хоџа. Сите кандидати деновиве до Изборната Комисија доставија десет илјади грагански потписи или потписи од пратениците, потребни за кандидатура за претседателските избори.