Косовска Митровица: Силна експлозија синоќа, нема информации за повредени

Силна експлозија избувнала синоќа во Косовска Митровица, во реонот на населбата „Три солитери“, но засега нема информации за повредени и материјална штета. “.Во овој дел на Косовска Митровица последниот инцидент, кога исто така дојде до експлозија се случи на 24 јануари. Тогаш, освен мала материјална штета, немаше повреден.