Кабул: Холбрук денеска на средба со претседателот на Авганистан Карзаи

Специјалниот американски пратеник за Авганистан и Пакистан Ричард Холбрук се очекува денеска во Кабул да се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Холбрук пристигна во Кабул по четиридневната посета на Пакистан, а турнејата треба да ја заврши со престој во Индија. Холбрук смета дека за Вашингтон ќе биде потежок предизвик справувањето со талибанските бунтовници во Авганистан, отколку војната во Ирак.