Вашингтон: Судар на два големи сателита за комуникации во Вселената

Два големи сателита за комуникации се судриле на височина од осумстотини километри над Сибир. Американската агенција НАСА соопшти дека станува збор за прв судар во Вселената. Се судрија американскиот комерацијален сателит Иридум што е лансиран пред дванаесет години и еден руски сателит што не бил во функција. НАСА додава дека ќе бидат потребни неколку недели за да се утврдат ефектите од сударот од кој во Вселената се распрснале стотици делови од сателитите.