Брисел: Милошоски и Коњановски денеска и утре во посета на НАТО

Министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел каде што ќе се сретнат со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Схефер и со амбасадори на повеќе земји членки на Алијансата. По посетата на Брисел, министрите Милошоски и Коњановски заминуваат за Холандија.