Камбера: Билансот на жртви во пожарите во Австралија над 130

Повеќе од сто и триесет луѓе загинале досега во големите пожари што ја пустошат југоисточна Австралија. Најголем број жртви биле забележани во областа на Мелбурн, втор град по големина во Австралија. Во пожарите кои во текот на викендот се проширија поради рекордно високи темепартури и силните ветрови, биле уништени и над седумстотини куќи. Полицијата се сомнева дека дел од пожарите биле подметнати.