Вашингтон: Денеска прес конференција на Барак Обама за економскиот план

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе одржи прес конференција во обид да ја добие поддршка на јавноста за неговиот план од осумстотини милијарди долари за заздравување на економијата. Предвидено е Обама да одржи и серија средби со граѓаните на неколку американски држави кои се соочуваат со економски проблеми. Обама предупреди дека неусвојувањето на итниот план би можело да води кон катастрофа на американската економија. Планот е усвоен во Претставничкиот дом, но не и во Сенатот.