Париз: Франција ја отфрли можноста да го зголеми бројот на војници во Авганистан

Францускиот министер за одбрана Ерве Морен ја отфрли можноста Франција да го зголеми бројот на војниците во Авганистан. Морен изјави дека Париз веќе има направено значаен напор кон стабилизација на Авганистан и дека во моментов не се поставува прашањето за испраќање дополнителни трупи. Американскито претседател Обама побара од сојузниците да ги зголемат трупите во Авганистан за да се запрат се поинтензивните напади на бунтовниците и на талибанците.