Токио: Јапонија ќе работи на решение на спорот со Русија во врска со Курилските острови

Јапонскиот премиер Таро Асо изјави денеска дека ќе работи на решавање на територијалниот спор со Русија во врска со Курилските Острови. Јапонија бара враќање на сите 4 острови, кои ги освоија советските трупи по капитулацијата на Јапонија во Втората Светска Војна. Овој спор ќе биде една од главните теми на руско – јапонскиот самит, кој би требало да се одржи кон крајот на месецов.