Вашингтон: Американскиот Сенат дебатира за законот за стимулирање на американската економија

Американскиот Сенат денеска ја продолжува дебатата околу законот за стимулирање на американската економија. Станува збор за план вреден над деветстотини и дваесет милијарди долари. Претседателот Барак Обама побара итно усвојување на законот, бидејќи во спротивно, како што изјави, на американската економија и се заканува катастрофа.