Бишек: Киргистан соопшти дека одлуката за затворање на американската база е конечна

Киргистан денеска соопшти дека одлуката за затворање на воздушната база на американската војска во таа земја, е конечна. Соединетите држави вчера објавија дека и натаму преговораат со Киргистан за задржување на базата Манас, која е важна за американските сили во Авганистан. Претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев пред неколку денови го најави затворањето на базата. Тоа во наредната недела треба да биде потврдено и од парламентот. Во меѓувреме, Таџикистан соопшти дека е подготвен да дозволи транзит на невоена опрема за сојузничките сили во Авганистан.