Исламабад: Најмалку 30 загинати во напад на џамија на бомбаш самоубиец

Најмалку 30 лица загинале, а околу 50 се ранети во денешниот напад на бомбаш самоубиец врз една џамија во централен Пакистан. Полицијата соопшти дека осомничениот го активирал експлозивот во моментот кога покрај џамијата поминувала колона верници. Според очевидците осомничениот се разнел себеси во моментот кога и се приближил на толпата луѓе.