Бишек: Парламентот во Киргистан го доби законот со кој се наредува затворање на американската база

Киргистанската влада го поднесе во парламентот законот со кој се наредува затворање на американската воена база на негова територија. Гласањето во Парламентот, кое е закажано за наредната недела, се смета за формалност бидејки е под контрола на претседателот Курманбек Бакиев. Владата во Бишкек најави дека Соединетите Држави ќе мора во рок од 6 месеци да ја напуштат базата во Манас, која е клучна за операциите во Авганистан.