Ашкелон: Израелски град погоден со ракета од долг дострел истрелана од Газа

Израелскиот град Ашкелон денеска бил погоден со ракета од долг дострел, истрелана од територијата на Газа, соопштија израелски претставници, наведувајќи дека станува збор за прв таков напад по прогласувањето на примирјето на осуманесетти минатиот месец. Врз Градот Ашкелон во текот на тринеделната израелска офанзива во Појасот Газа биле истрелани околу сто ракети.