Багдад: Локални избори во Ирак

Под големи мерки за безебедност денеска во Ирак се одржуваат локални избори. Учествуваат околу 14.400 кандидати за 440 провинциски совети односно за 14 од вкупно 18 провинции во земјата. Право на глас имаат 15 милона ирачани. Се очекува силен одзив на сунитското малцинство, кои претходно бојкотираа поради верскиот конфликт со мнозинството шиити. За да се заштити процесот на гласањето, околу гласачките месат има распоредено илјадници припадници на војската и полицијата која ги претресува гласачите, а на автомобилите и камионите им е лимитирано движењето поради страв од поставени бомби. Според извештаите три гранати биле фрлени во близина на гласачко место во Тикрит родното место на остранетиот ирачки диктатор Садам Хусеин.