Москва: Можна е нова ера на односите меѓу Русија и Америка, изјави Сергеј Лавров

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров изјави дека е можна нова ера на соработка со американскиот претседател Барак Обама. Во написот во гардијан, Лавров го повторува повикот на претседателот Медведев за формирање нова европска безбедносна структура, заснована врз меѓународното право и Обединетите Нации, и напуштање на системите од времето на Студената Војна, каков што е НАТО.