Брисел: Кинескиот премиер Вен Џибао на средби во ЕУ за светската финансиска криза

Кинескиот премиер Вен Џибао денеска во Брисел разговара со претставници на Европската Унија за светската финансиска криза, климатските промени и билатералните односи. Ова е прва посета на Џибао на Брисел во последниве 5 години. Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо ќе го постави и прашањето за почитувањето на човековите права во Кина.