Берлин: Состанокот на големите сили за иранската нуклеарна програма

Германското министерство за надворешни работи соопшти дека високи претставници од Соединетите Држави, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, во наредната среда во Франкфурт ќе разговараат за кризата со иранската нуклеарна програма. Тоа ќе биде прв состанок на големите сили, посветен на Иран, по стапувањето на должност на новиот американски претседател Барак Обама.