Москва: Русија го прекинала распоредувањето на свои ракети во Калининград

Русија го прекинала распоредувањето свои ракети во Калининград, по промената во американската политика во врска со поставувањето антиракетен штит во Европа, јави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на извори во рускиот Генералштаб. Пред неколку дена шефот на дипломатијата Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе распореди ракети во Калининград само доколку Вашингтон го спроведе планот за европски антиракетен штит.