Атина: Грција ги предупреди своите банки да не ги испраќаат парите во филијалите на Балканот

Грција ги предупреди своите банки да не ги испраќаат парите од владиниот пакет за побрз развој на регионот во нивните филијали на Балканот. Ова за „Фајненшл тајмс“ го изјавил гуверенерот на грчката Централна, наведувајќи дека бил загрижен поради можноста од проширување на глобалната економска криза врз земји како Србија, Бугарија и Романија, кои во последниве неколку години бележат висок процент на задолженост.