Сараево: БИХ е нефункционална држава и има многу нерешени проблеми, вели Лајчак

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Мирослав Лајчак изјави дека таа држава е нефункционална и има многу нерешени проблеми за да може сега да се кандидира за членство во ЕУ и оти би требало да се откаже од планот оваа година да поднесе кандидатура. Тие не се фокусираат на својот дел од одговорноста во тој процес, односно на она што треба самите да го направат, изјави Лајчак, кој наскоро ќе се повлече од оваа функција и ќе биде министер за надворешни работи на Словачка.