Москва: Медведев и Обама за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон

Претседателите на Русија и Соединетите Држави Димитри Медведев и Барак Обама, во телефонски разговор се заложија за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, соопшти Кремљ. Медведев, како што информираше неговата прес служба, му ја честитал инаугурацијата на Обама и двајцата претседатели изразиле желба за што поскора средба.