Задар: Македонија поразена од Данска на СП во ракомет

На светското првенство во ракомет што се одржува во Хрватска, Македонија синоќа загуби од репрезентацијата на Данска со 24-32. Според табелата, прва е Данска со шест бодови, Германија е втора со пет, следуваат Полска и Норвешка со четири бодови, три има Србија,а Македонија е последна со два бода. Македонската репрезентација во вторник ќе го одигра последниот натпревар од групата против Србија.