Кабул: 15 милитанти убиени во операција на коалиционите сили во Авганистан

Сојузничките сили, предводени од американските, во текот на изминатата ноќ во авганистанската провинција Лахман убиле петнаесет милитанти. Во соопштението од американската команда се наведува дека во операцијата биле вклучени и борбени авиони. Локалното население обвинува дека повеќето жртви биле цивили.