Кабул: Убиен милитант кој го планирал минатонеделниот напад во близина на германската амбасада

Нато силите и авганистанските трупи во Авганистан убиле еден милитант кој го планирал минатонеделниот самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Во тој напад во близина на германската амбасада и американската база загина еден американски војник и четворица авганистанци.