Вашингтон: Обама го именува Џорџ Мишел за специјален пратеник за Блискиот Исток

Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека што е можно побрзо ке го испрати во регионот ново именуваниот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мишел за да го помогне одржувањето на кревкиот мир во појасот Газа. Мишел имаше водечка улога во преговорите во 1998 година кои доведоа до мировниот договор во белфаст со кој се стави крај на конфликот во северна Ирска. Истовремено Обама го именува и поранешниот амбасадор во Обеденитете Нации за време на клинтоновата администрација Ричард Холбрук за специјален пратеник за Авганстан и Пакистан. Холбрук е еден од архитектите на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна.