Вашингтон: Обама побарал да продолжи планирањето за повлекување на американската војска од Ирак

Американскиот претседател Барак Обама на состанокот со воените команданти и советници за одбрана побарал од Пентагон да изврши натамошно планирање за, како што објави Белата куќа, одговорно повлекување на силите од Ирак. Во соопштението не се наведени никакви рокови на повлекувањето. Претходно Обама во својот кабинет по втор пат положи заклетва, откако на церемонијата во вторникот ја згреши. Тоа, според Белата Куќа, било направено поради претпазливост. Инаку за денеска се очекува Обама да потпише извршна наредба за затворање на затворот Гуантанамо на Куба во рок од една година.