Пекинг: Смртна казна за две лица вмешани во производството на отровно млеко

Кинескиот суд им изрече смртна казна на две лица поради нивната инволвираност во производството на отровно млеко од кое беа затруени над триста илјади бебиња од кои шест умреле. Покрај нив на повеќегодишни затворски казни се осудени и дваесетина други кои биле вмешани во скандалот што лани го потресе светот.