Брисел: Европската Комисија добила гаранции од Израел дека ќе дозволи хуманитарна помош за Газа

Европската унија соопшти дека добила гаранции од Израел оти ќе дозволи хуманитарна помош за палестинците во Газа. Шефот на израелската дипломатија Ципи Ливни по разговорите во Брисел изјави дека Израел е подготвен да соработува во обезбедувањето помош за Газа по тринеделната офанзива против милитантите на ХАМАС.