Исламабад: Дејвид Петреус во посета на Пакистан

Командантот на американските сили во Авганистан и во Ирак, генерал Дејвид Патреус пристигна во Пакистан на разговори со владини претставници. Пакистан е клучен американски сојузник во војната против тероризмот, но Исламабад изразува незадоволство од американските воздушни напади против талибанците и приврзаниците на Ал Каеда на пакистанска територија.