Атина: Грчкиот бизнисмен Панагопулос ослободен по осум дена заробеништво

Грчкиот бродо-сопственик Периклис Панагопулос е ослободен по 8 дена заробеништво, откако неговото семејство платило откуп од околу 30 милиони евра, јавија гчките медиуми. Полицијата соопшти дека го пронашла Панагопулос на еден паркинг во Атина, откако киднаперите му јавиле на семејството дека го ослободиле.