Брисел: Членството во ЕУ главен приоритет на Турција

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кој престојува во Брисел изјави дека главен приоритет на Турција е зачленувањето во Европската унија. Тој изрази надеж дека оваа година би можело да биде направен скок во процесот на интеграција на Турција во Европа. Турција ги почна пристапните преговори со Брисел во две илјади и петатта година.