Тел Авив: Израелските сили започнаа повлекување од Газа

Израелските сили го започнаа повлекувањето од Појасот Газа по тринеделната офанзива против ХАМАС. До ова дојде откако Израел објави едностран прекин на огнот, а ХАМАС декларира еднонеделно примирје со цел израелските сили да се повлечат од Појасот Газа. Изреал оцени дека со офанзивата била постигната главната цел, ослабување на спосбноста на ХАМАС да истрелува ракети врз израелската територија. Лидерот на ХАМАС Исмаил Ханија пак, прогласи голема победа во конфликтот вој загинаа над илјада и триста палестинци.