Москва: Русија и Украина постигнаа договор за обновување на испораката на гас

Русија и Украина синока постигнаа договор за обновување на испоракатa на рускиот гас со кој трнспортот кон европските земји би требало да започне наскоро. Договорот беше постигнат за време на разговорите мегу рускиот премиер Владимир Путин и украинската премиерка ЈулијаТимошенко, според кој Украина треба да почне да плаќа европски цени за нејзиниот руски гас, но со 20 проценти попуст оваа година. Во заедничкото појавуавње со Путин, Тимошенко изјави дека државните компании за гас на Русија и Укарина ќе добијат инструкции за нови договори и дека испораката на гас ќе биде обновена откако тие документи ќе бидат потпишани.