Исламабад: Талибански екстремисти забраниле образование за жени во северо западен Пакистан

Талибанските екстремисти го забраниле образованието на жените во долината Сват, во северо-западен Пакистан, предупредувајки ги родителите да не ги испраќаат девојчињата на училиште, бидејки тоа било спротивно на исламот. Пакистанскиот премиер Јусаф Гилани најави остри мерки против талибанците во долината Сват, која се повеќе владее безредие и покрај присуството на безбедносните сили.