Вашингтон: ММФ и одобри стенд бај аранжан на Србија

Меѓународниот Монетарен Фонд и одобри стенд бај аранжам на Србија во износ од 402 ипол милиони евра, за одржување на макро-економската и финансиската стабилност, со оглед на светската финасиска криза. ММФ соопшти дека српската влада може веднаш да повлече 268 милини евра. Во соопштението се истакнува дека српските власти планираат овој аранжман да го третираат како превентивен и нема да земаат пари од Фондот доколку тоа не биде неопходно.