Кабул: Двајца Авганистанци загинале во експлозија на бомба

Двајца авганистанци загинале, а над 20 биле повредени во денешната експлозија на бомба во Кабул, во близина на американската воена база и германската амбасада. Во експлозијата биле повредени и 5-мина американски војници. Одговорноста за нападот ја превзедоа талибанските милитанти.