Вашингтон: Ал Каида повеќе нема засолништа на авганистанко-пакистанската граница изјави шефот на ЦИА

Шефот на ЦИА во заминување Мајкл Хајден изрази уверување дека шефовите на Ал Каида веќе немаат безбедни засолништа на авганистанско-пакистанката граница. Тоа, според него, е резултат од силниот притисок на американските и пакистанските сили во тој регион. Хајден сепак, рече дека е разочаран поради тоа што се уште не е уапсен главниот лидер Осама бин Ладен. Избраниот претседател Барак Обама го посочи Леон Панета, поранешниот шеф на кабинетот на претседалот Бил Клинтон за нов прв човек на ЦИА.