Вашингтон: Буш за послеен пат се обрати до нацијата

Американскиот претседател Џорџ Буш во своето последно обраќање до нацијата решително ги бранел резултатите што ги остварил за време на двата мандата. Тој истакнал дека по терористичките напади од 11 септември 2001-та ја направил земјата побезбедна. Буш нагласил дека опасноста од нови напади во САД е најголемиот предизвик со кој ќе се соочи неговиот наследник Барак Обама.