Венецуела: Прекинати дипломатските односи со Израел поради офанзивата во Газа

Венецуела од синоќа ги прекина дипломатските односи со Израел поради неговата воена офанзива врз појасот Газа, која продолжува веќе 20-ти ден. Палестинското движење Хамас пак соопшти дека го претставил својот план за постигнување примирје со Израел пред Египет. Според претставник на ова движење немало несогласувања со египетските лидери, но не се изнесуваат детали за планот. Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун уште еднаш ги повика Израел и Хамас да ги запрат меѓусебните насилства.