Загреб: Можна арбитража пред судот во Хаг за граничниот спор меѓу Хрватска и Словенија?

Ако отвореното прашање во врска со граничниот спор меѓу Хрватска и Словенија не се замрзне, единствено решение би била арбитража на Меѓунардниот суд за правда во Хаг изјави денеска хрватскиот претседател Стјепан Месиќ. Со тоа, според Месиќ, прашањето би било префрлено од политичка во правна сфера, и не би пречело на преговорите на Хрватска за влез во Европската Унија. Словенекиот Претседател Данило Тирк ја отфрли идејата бидејќи во тој случај една од страните би победила. Тој предложи помош на посредник за да се дојде до ситуација во која би победила двете страни.