Каиро: Почнува еднонеделната турнеја на Блискиот Исток на генералниот секретар на ОН

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со посетата на Египет денеска ја почнува еднонеделната турнеја по Блискиот Исток во настојувањата да се обезбеди примирје во појасот Газа. Тој во Каиро ќе се сретне со египетскиот претседател Хосни Мубарак и со шефот на Арапската лига Амр Муса. Бан пред поаѓањето изјави дека неговата порака е јасна- итно прекинување на судирите.