Москва: Словачкиот и бугарскиот премиер на средби Путин, полскиот претседател се среќава со Јушченко

Рускиот премиер Владимир Путин денеска во Москва ќе разговара со своите колеги од Бугарија и Словачка Сергеј Станишев и Роберт Фиц за кризата околу испораката на гас до европските земји. Полскиот претседател Лех Качински, пак во врска со истиот проблем ќе се сретне со својот украински колега Виктор Јушченко. Во меѓувреме, руската гасна компанија Гаспром соопшти дека меѓународните посматрачи потврдиле оти Украина го блокира снабдувањето на Европа со гас.