Вашингтон: Буш побара од Конгресот одобрување на вториот дел мерки за помош на финансискиот сектор

Американскиот претседател Џорџ Буш, во име на неговиот наследник Барак Обама, побара од Конгресот да го одбори вториот дел од пакетот за помош на финансискиот сектор во вредност од триста и пеесет милијарди долари. Обама и неговиот економски тим веќе најавија нови рестрикции и промени на пакетот со цел да се излезе од економската криза.