Москва: Утринава обновена испораката на гас за Европа

Русија изутрината ја обнови испораката на гас до европските корисници преку територијата на Украина, соопшти руски Газпром, наведувајќи дека најпрвин ќе бидат снабдени земјите на Балканот, Молдавија и Турција кои биле најмногу зависни од рускиот гас. Гаспром пред скоро една недела ја прекина испораката за Европа поради спорот со Украина околу исплатата на долговите за гас. Обновата на испораката беше овозможена откако вчера во Брисел беше потпишана спогодба за меѓународна контрола на транзитот за Европа преку Украина која и натаму не добива руски гас. Европската комисија го поздрави обновувањето на испорака на руски гас преку Украина. Експертите велат дека ќе требаат три дена додека гасот стигне до Европа.