Скопје: На 11 февруари медијаторот Нимиц закажа нова рунда преговори за името

Специјалниот пратеник на ОН Метју Нимиц, за 11 февруари закажа нова рунда преговори за името. Дополнително ќе бидат определени местото и времето каде што ќе се одржи средбата со грчкиот и македонскиот преговарач за името, Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски. Во меѓувреме во вчера објавениот извештај на Меѓународната Кризна Група посветен на спорот за името, Македонија се повикува да искаже јавна подготвеност да го прифати последниот предлог на медијаторот Нимиц – „Република Северна Македонија“, а Грција да го прифати македонскиот идентитет и јазик. Во извештајот уште се и наведува дека двете земји споделуваат одговорност за влошените односи и оти е од клучно значење за стабилизацијата и европската интеграција на целиот Балкан да биде најдено решение.