Газа: Делегација на Европскиот Парламент се запознава со ситуацијата во Газа

Делегација на Европскиот Парламент од вчера престојува во Појасот Газа за да се запознае со ситуацијата на теренот. Предвидени се посети на болници на бегалски кампови. Евро-парламентарците ќе останат во Газа до утре, по што треба да поднесат извештај во парламентот во Стразбур.